Categories
Соопштенија

‼️ ПОСЕТУВАЊЕ ‼️

Почитувани колеги,
би сакале да ве потсетиме дека електронското запишување на зимскиот семестар за учебната година 2021/22 преку iKnow трае до 20.09.2021.
Доколку некоја оценка сеуште не ви е впишана во iKnow, запишете го семестарот, а потоа откако ќе ја добиете оцената преку студентска служба направете корекција на предметите како во системот така и на хартиените документи.
Исто така рокот за поднесување на молбата за запишување на шестти предмет и молбата за плаќање на рати е до 21.09.2021, 23:59.
Студентска служба: studentski@finki.ukim.mk / 070 302 440 (телефонскиот број е достапен од 9 до 15 часот, секој работен ден)
Студентски правобранител: pravobranitel@finki.ukim.mk
ФСС ФИНКИ: fss@finki.ukim.mk
Categories
Соопштенија

Известување во врска со упис на летен семестар

Почитувани колеги,
Ве известуваме дека нашето барање за продолжување на рокот беше делумно прифатено. Со што, рокот за електронски упис и поднесување на молби наместо до 12.02.2021, продолжен е до 09.02.2021 23:59, додека пак молбата за плаќање на рати останува до 15.02.2021 23:59. Во текот на утрешниот ден ќе има официјално соопштение од факултетот околу продолжувањето.
 
Доколку по некој предмет немате оценка и не знаете дали сте го положиле, запишете го повторно, па кога ќе носите хартиени документи во пријавата ќе ги напишете предметите кои сакате да ги слушате тој семестар и соодветно ќе ви бидат заменети во iKnow од страна на студентска служба.
 
Доколку поднесете молба за 6ти предмет и:
1. Сакате да го смените – во хартиената пријава ќе напишете друг кој би сакале да го слушате
2. Не сакате да имате 6ти предмет – во хартиената пријава ќе ги напишете само оние 5 кои сакате да ги слушате
 
Дополнителни појаснувања околу уписот на предмети:
1. Како функционираат предметите со предуслов, дали треба да е слушан, да се има потпис или да е положен?
– Доколку моментално треба да се запише предмет од зимски семестар, а предуслов е предмет од зимски семестар, предметот којшто е предуслов треба да е положен.
Доколку моментално треба да се запише предмет од зимски семестар, а предуслов е предмет од претходниот летен семестар, предметот којшто е предуслов треба да е слушан. Доколку предметот е од пред 2 или повеќе летни семестри, тогаш треба да е положен.
Доколку моментално треба да се запише предмет од летен семестар, а предуслов е предмет од летен семестар, предметот којшто е предуслов треба да е положен.
Доколку моментално треба да се запише предмет од летен семестар, а предуслов е предмет од претходниот зимски семестар, предметот којшто е предуслов треба да е слушан. Доколку предметот е од пред 2 или повеќе зимски семестри, тогаш треба да е положен.
Примери: АПС (3 семестар, зимски) има предуслов ООП (2 семестар, летен) → OOП треба да е само слушан
Софтверско инженерство (4 семестар, летен) има предуслови OOП (2 семестар, летен) → OOП треба да е положен.
Компјутерски мрежи и безбедност (3 семестар, зимски) има предуслов АОК (2 семестар → AOK треба да е само слушан
 
2. Како да запишам 6ти предмет и колку се доплаќа?
– 6ти предмет се запишува со испраќање на молба, во периодот кога истите ќе бидат отворени, доплаќањето е 1230 ден за државна квота и 2460 за приватна квота
 
3. Што претставуваат нивоата на предметите и кои се нивните ограничувања?
– Секој изборен предмет има нивоа. L1 е за изборни предмети од прва година, L2 е за изборни предмети од втора година и L3 е за изборни предмети од трета година. Дозволено е земање на 1 предмет кој има L1, 6 предмети од L2 и неограничен број на предмети од L3. Нивото на предметот може да се види од неговиот код F18(Lx)..
 
Доколку имате било какви прашања, слободно контактирајте нѐ.
Е-пошта: fss@finki.ukim.mk
 
Со почит,
ФСС ФИНКИ