Се бориме да докажеме дека факултетите се на студентите и студентите треба да го имаат главниот збор во нив. Тоа подразбира дека се бориме за подобрување на студентскиот стандард кој е на многу ниско ниво, за обединување на студентите и настапување заеднички пред професорите и деканатот за сите проблеми кои ги имаме и работи кои сакаме да ги промениме.
Освен обезбедување на подобри услови за студирање на факултетот, ние им нудиме можност да го прошират своето знаење и до научат дополнителни работи кои ги нема во образовниот процес со организирање на настани, семинари, работилници и акции.